158
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, по повод Денот на државноста, кој Украина го слави денеска, изјави дека Украина е слободна, независна, суверена и неделива држава.
Зеленски во видео-обраќање рече дека Украина ќе се бори за својата државност до последен здив, последниот патрон, последниот војник, но не свој, туку на непријателот, пренесува „Интерфакс Украина“.
„Ќе живееме за да се бориме и ќе се бориме за да живееме. Нема да се откажеме додека не го избркаме последниот окупатор од нашата куќа. Нема да застанеме додека не го ослободиме последниот метар од украинската земја“, рече украинскиот претседател.