Украина избра правен начин за решавање на спорот за жито со полските власти, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во разговор со новинарите за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави.
Тој истакна дека со сета почит кон Полска, треба да размислува за украинските интереси.
„За неколку месеци се пресметани економски загуби од стотици милиони. Само Украина настрада од оваа блокада, никој друг“, рече украинскиот претседател, пренесе агенцијата Униан.