Зеленски: Никој не знае колку долго ќе трае војната во Украина

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека никој не знае колку долго ќе трае војната во таа земја.

Во своето секојдневно обраќање Зеленски рече дека украинските сили ги пркосат очекувањата, спречувајќи руските војници да ја „прегазат“ источна Украина, каде борбите беа најжестоки со недели, пренесува агенцијата АП.

„Се сеќавате ли како во Русија на почетокот на мај се надеваа дека ќе го окупираат целиот Донбас? Веќе е 108-от ден од војната, веќе е јуни. Донбас се држи“, рече украинскиот лидер.

Слични содржини