305
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска соопшти дека новинарот Олександр Махов, кој се борел во Украина како волонтер, загинал во борбите кај градот Изјум на североистокот на земјата.
Махов (36) е најмалку осмиот новинар кој загинал во Украина од почетокот на конфликтот, пренесува „Гардијан“.
„Махов беше патриот и чесен, секогаш без суета. И секогаш беше меѓу најхрабрите, меѓу првите во редот“, рече Зеленски во видео обраќањето.