Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил објави видео од гранатираното породилиште и комплекс на детската болница во Мариупол, со шокантна порака во која нагласува дека тоа е злосторство.
„Мариупол. Директен напад на руските војници на породилиштето. Луѓе, децата се под урнатините. Ова е злосторство! Уште колку светот ќе биде соучесник во игнорирањето на теророт? Затворете го небото сега! Стоп за убиствата! Имате моќ, но се чини дека ја губите човечноста“, напиша украинскиот претседател на Фејсбук.
Украинскиот пратеник Дмитри Гурин изјави за новинар на Би-Би-Си дека многу жени загинаа и се ранети во руското бомбардирање на детската болница и породилиште.
BREAKING: Ukrainian MP Dmitry Gurin tells me a maternity complex has been bombed in the southern port city of Mariupol "It's all one complex — a maternity and children's hospital. A lot of dead and wounded women. We don’t know about children and newborn yet"
— Yalda Hakim (@BBCYaldaHakim) March 9, 2022
Според достапните податоци, руските сили целосно го опколиле Мариупол, а градот со денови е изложен на силни напади. Руските воздушни напади нападнаа цивилна инфраструктура и станбени области на градот, оставајќи илјадници луѓе без храна, вода и струја.