92
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека неговата влада очекува цврста поддршка од претставниците на НАТО и другите земји кои денеска се состануваат во Германија за да разговараат за зајакнување на способноста на Украина да се спротивстави на руските сили со помош на помодерни борбени тенкови, пишува „Гардијан“.
Тој изјави дека Киев се подготвува за денешната средба во Рамштајн и дека „очекува силен пакет воена помош од САД“, пренесе Гардијан.
Состанокот во воздухопловната база Рамштајн во Германија е последен во низата откако Русија ја нападна Украина пред речиси 11 месеци за да се разговара за идните пратки на оружје, особено германските тенкови „Леопард 2“ што ги користат армиите низ Европа.