Зеленски очекува „важни одлуки“ од самитот на лидерите на најмоќните земји во светот

од Milan1
481 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека очекува „важни одлуки“ од самитот на Г7 што почнува во Италија, особено потпишување на безбедносни договори со САД и Јапонија.

„Голем дел ќе биде посветен на Украина, нашата одбрана и економска отпорност. Очекуваме денеска да се донесат важни одлуки“, објави Зеленски на Телеграм.

Украина треба да потпише билатерални безбедносни договори со Јапонија и САД. Зеленски рече дека со американските партнери ќе биде потпишан документ без преседан.

Слични содржини