Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер планирал да го посети Киев, но Зеленски одбил да се сретне со него, пишува германски Билд, повикувајќи се на извори од украинската влада. Ова, се чини, го потврди и самиот Штајнмаер. Германскиот весник ја цитира неговата изјава: „Бев подготвен за тоа. Но, ова, очигледно, морам да признаам, не беше пожелно во Киев“.
Билд пишува дека причина за тоа е односот на Штајнмајер со Русија. Еден украински дипломат беше цитиран како рекол: „Знаеме дека Штајнмаер има блиски односи со Русија. Тој во моментов не е добредојден во Киев“.
Штајмеер претходно овој месец рече дека неговата долгогодишна поддршка за гасоводот Северен тек 2, кој оттогаш е суспендиран, е голема грешка. „Се држевме за мостовите во кои веќе не веруваше дури ни Русија и за кои не предупредуваа другите партнери“, предупреди тогаш.
#German President Frank-Walter Steinmeier planned to visit #Kyiv, but Ukrainian President Volodymyr Zelensky refused to meet him, the German newspaper Bild reported, citing sources in the #Ukrainian government.https://t.co/cbvlqOjQxe
— NEXTA (@nexta_tv) April 12, 2022
„За Штајнмаер, односот со Русија е нешто фундаметално, дури и свето“
Украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник пред десет дена го обвини Штајнмаер дека со децении бил политички близок со Русија. „За Штајнмаер, односот со Русија е нешто фундаментално, дури и свето, без разлика што ќе се случи“, изјави тој тогас за германскиот весник Тагесшпигел.
Германија сè уште има премногу интереси во Русија, како што се зависноста од гас, нафта и јаглен, а Штајнмаер е делумно виновен за одлуките додека беше министер за надворешни работи и вицеканцелар, рече Украинецот. „Штајнмаер разви пајажина од контакти во Русија во текот на децениите. Дел од неа се и многу луѓе во владејачката коалиција“.