Зеленски: Одлуката на Канада да ја врати руската турбина во Германија е опасна

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, одлуката на Канада да ја врати руската турбина за гасоводот Северен тек 1 во Германија ја оцени како опасна.

Во видео обраќањето, Зеленски потсети дека украинското Министерство за надворешни работи поканило претставник на Канада поради, како што смета, апсолутно неприфатливото исклучување од режимот на санкции против Русија, пренесува „Интерфакс Украина“.

Канада претходно соопшти дека ќе го одобри укинувањето на санкциите за враќање на поправените руски турбини во Германија, бидејќи тие му се потребни на „Гаспром“ за да продолжи да работи гасоводот Северен тек 1.

Слични содржини