Зеленски: Одлуката на Канада за изземање од санкции е неприфатлива

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски му соопштил на канадскиот премиер Џастин Трудо дека одлуката на Отава да ја врати гасната турбина наменета за гасоводот Северен тек 1 е неприфатлива за неговата земја, бидејќи тој верува дека може да поттикне повеќе прекршување на санкциите против Русија.

Ова е прв телефонски разговор меѓу двајцата лидери по одлуката на Канада да дозволи враќање во Европа на турбината за рускиот гасовод Северен тек 1, што украинскиот претседател силно го критикуваше.

Украинскиот претседател во видео обраќање рече дека разговарал со Трудо во неделата и му се заблагодарил за големата одбранбена поддршка, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини