Зеленски: Околу четири милиони Украинци останаа без струја

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека поради руските напади врз енергетскиот систем на земјата, околу четири милиони луѓе останале без струја.

Зеленски рече дека 14 региони, како и главниот град Киев, се без струја, а украинскиот енергетски оператор „Укренерго“ најави дека најавените прекини на струја ќе бидат извршени на територијата на целата земја, пренесува „Ројтерс“.

Се претпоставува дека состојбата со недостиг на струја и парно ќе предизвика нов бегалски бран кон европските земји.

Слични содржини