Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска во разговор со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во Лавов дека Светската организација „мора да ја обезбеди безбедноста на нуклеарната централа Запорожје“.
„Посебно внимание беше посветено на руската нуклеарна уцена во Запорожје. Тој однапред смислен терор на агресорот може да има катастрофални последици за целиот свет“, напиша Зеленски на својот канал Телеграм.