Зеленски: Оваа ноќ ќе биде најтешка, се решава судбината на Украина

од Nikola Popovski
186 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во драматично обраќање рече дека оваа ноќ ќе биде најтешка досега. Вечерва во Киев одекнуваат сирени за воздушен напад, а проектилите паѓаат врз градот.

„Непријателот силно ќе нападне, мора да се спротивставиме. Ноќта ќе биде многу тешка, ќе биде потешка од денот, но ќе го чекаме изгрејсонцето. Многу градови во нашата земја се на удар, нашите момчиња и девојчиња во Донбас, градовите на југ, особено Киев. Не смееме да го изгубиме главниот град“, рече тој.

Сега се решава судбината на Украина, додаде Зеленски.

Тој додаде дека нема намера да замине, туку ќе остане во зградата на Владата со останатите.

„Моето семејство е исто така во Украина“, рече тој, повикувајќи ги граѓаните да го почитуваат полицискиот час.

Претседателот Зеленски објави дека од почетокот на руската инвазија загинале најмалку 137 лица.