212
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека европскиот проект не може да биде завршен без Украина.
Зеленски во Киев се сретна со Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија (ЕУ), а по средбата заедно се обратија пред медиумите.
– Европскиот проект секако не може да се заврши без Украина – рече Зеленски, говорејќи за процесот за членство на Украина во ЕУ.
Потенцирајќи и дека раководството на Фон дер Лејен им е многу важно, Зеленски додаде:
– Верувам дека во блиска иднина ќе комуницираме со вас на ново ниво на односите меѓу Украина и Европската унија.
Фон дер Лајен денеска престојуваше во Киев. Комисијата на ЕУ се очекува на 17 јуни да објави соопштение за апликацијата на Украина за членство.