Зеленски по средбата со Руте: Фронтот мора да се зајакне, НАТО ги разбира потребите на Украина

од Nikola Popovski
27 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разговараше со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, што е негова прва странска посета откако е назначен на функцијата генерален секретар на Алијансата.

„Денеска, новиот шеф на НАТО, Марк Руте, го посети Киев за прв пат – веднаш по добивањето на овластувањата на генералниот секретар на Алијансата. Јасно е колку е важно целосно да се спроведе секој од нашите договори за поддршка на одбраната потребни за стави крај на оваа војна (со Русија), рече Зеленски по разговорот со Руте, пренесе Укринформ.

Претседателот на Украина додаде дека воздушната одбрана е важна за Украина.

Слични содржини