Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна директно побара од американскиот претседател Џо Бајден да ја означи Русија како држава што го спонзорира тероризмот, објави во петокот Вашингтон пост, цитирајќи извори запознаени со нивниот разговор, пренесува Ројтерс.
Бајден не се обврза да дејствува по ова прашање за време на разговорите, наведува Вашингтон пост.
Стејт департментот ги наведува земјите кои „постојано поддржуваат акти на меѓународен тероризам“ како земји кои го спонзорираат тероризмот.
Во моментов на листата се наоѓаат само четири земји: Северна Кореја, Куба, Иран и Сирија.