Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде големо интервју за францускиот ТВ канал LCI. Зеленски во интервјуто, меѓу другото, зборува и за можни преговори со Русија. Тој толку сликовито рече дека „многу е тешко да се согласиш на разговор со некого кога си невооружен, а тој има митралез или нуклеарно оружје“.
Тој го спореди рускиот претседател Владимир Путин со Хитлер, велејќи дека Русија „не започна нов вид војна, туку го прави она што го направи фашистичкиот режим под Хитлер“. Тој додаде дека „тактиката на Путин е валкана како Хитлер во негово време“, мислејќи на руското ракетирање на цивилната инфраструктура.
Потоа, во нешто порелаксиран дел од интервјуто, Зеленски вели: „Вистински маж, ако сака некому да му пренесе порака, или на пример сака да го истепа, тогаш тоа го прави сам, без посредник“. Потоа додава: „Да имав таква порака за Путин, јас би го направил тоа сам“.
In an interview with the LCI channel, #Ukrainian President #Zelenskyy said that he was ready to "punch #Putin in the face" even tomorrow, at the first opportunity. pic.twitter.com/KYI1fszi0z
— NEXTA (@nexta_tv) December 17, 2022
„Секогаш подготвен“, додаде украинскиот претседател на прашањето на домаќинот за можноста за „тепачка еден на еден“ против рускиот претседател. Зеленски додаде дека е подготвен за тоа веќе „утре“, но дека „тоа би бил последниот самит на Путин“, пренесуваат француските медиуми.
Во тој момент се насмеа и Зеленски и францускиот новинар Дариус Рошебин.
“Ready to enter the ring with Putin to resolve the issue like real men.” So said the President of Ukraine Volodymyr Zelensky in an interview with LCI. pic.twitter.com/5t5XRsXi6s
— /Spriter/ (@Spriter0000) December 17, 2022