Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека го цени тоа колку Америка направила за да и помогне на Украина да го одржи својот суверенитет и независност.
„Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се приближи до траен мир“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази жалење за настаните во Белата куќа минатиот петок, каде што имаше жестока расправија со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс.
„Средбата во Вашингтон во Белата куќа во петокот не помина според планираното“, напиша тој во објавата на „X“.
„Жално е што се случи ова. Време е работите да се исправат“.
Како што јави Би-Би-Си, Зеленски ја повтори посветеноста на Украина за мир, велејќи дека „никој од нас не сака бескрајна војна“.
„Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро со цел да се приближи до траен мир“, додаде тој.
„Никој не сака мир повеќе од Украинците. Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под силно водство на претседателот Трамп за да постигнеме мир што ќе трае“, нагласи тој.
„Подготвени“ за потпишување договор за минерали
Зеленски тврди дека првите фази за завршување на војната би можеле да вклучат „ослободување на затвореници и прекин на огнот на небото – забрана за ракети, беспилотни летала со долг дострел и бомби врз енергетската и друга цивилна инфраструктура, како и прекин на огнот на море, доколку Русија го стори истото“.
„Тогаш сакаме брзо да поминеме низ сите следни фази и да работиме со САД за да постигнеме солиден конечен договор“, додава Зеленски.
На крајот, Зеленски рече дека „цени колку Америка направила за да и помогне на Украина да го одржи својот суверенитет и независност“.
„И се сеќаваме на моментот кога работите се сменија и кога претседателот Трамп и испорача на Украина Џавелин (проектили). Ние сме благодарни за тоа“, рече тој.
Тој исто така рече дека Украина е „подготвена“ да потпише договор за минерали предложен од САД.