Зеленски: Подготвуваме уште четири нови безбедносни договори

од Milan1
50 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека украинската страна подготвува уште четири нови безбедносни договори со партнерските земји.

„Нашиот тим подготвува уште четири нови безбедносни договори за Украина. Во блиска иднина ќе започнеме преговори и мора брзо да подготвиме документи за потпишување“, рече Зеленски, според соопштението објавено на веб-страницата на претседателот.

Потпишани се речиси 30 вакви договори.

„Ние си поставивме задача тоа да бидат различни земји не само земји од НАТО“, рече Зеленски.

Како што истакна тој, сите сојузници се подеднакво подготвени да и помогнат на Украина во заштитата на заедничките вредности.

Слични содржини