Зеленски посети ранета тинејџерка и ѝ донесе цвеќе (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
226 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот посети рането 16-годишно девојче во болница во Киев и од неа дозна дека е ѕвезда е ТикТок, пишува Ројтерс.

Откако на Катја Власенко ѝ подари букет со бели и розови цветови додека таа лежеше на креветот, Зеленски рече: „Не е лесно, но ја правиме вистинската работа“.

Власенко, која беше ранета кога автомобилот на нејзиното семејство беше запален додека бегаа од руските сили, одговори: „И сите ве поддржуваат на ТикТок“, што ги насмеа претседателот и членовите на неговата придружба.

„Значи, го окупиравме ТикТок?“, праша Зеленски.

„Сите зборуваат за тебе, се е за тебе“, одговори Катја.