239
Додека во Брисел се уште се разговара за шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија, украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека е потребен овој пакет, како и ембаргото за увоз на руска нафта.
„Сега ќе биде усвоен шестиот пакет санкции и тоа е секако пакетот што ни треба. Меѓутоа, потребни се и санкции за енергетиката“, рече Зеленски за време на видео обраќањето пред пратениците во словачкиот парламент, пренесува „Ројтерс“.
Украинскиот претседател наведува дека се потребни и санкции за енергетиката.