Зеленски повика на мобилизација на резервистите

од Nikola Popovski
310 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика воените резервисти да контактираат со Министерството за одбрана во врска со регрутирањето поттикнато од акумулацијата на руски војници на границата, но засега ја отфрли можноста за општа мобилизација.

Зеленски рече дека се уште бара дипломатско решение за кризата, нагласувајќи дека Украина „нема да и остави ни дел од територијата на Русија“.

„Мојот приоритет е да го зачувам суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, рече Зеленски, додавајќи дека ги поздравува санкциите наметнати на Русија од западните земји.

Да потсетиме, ЕУ и САД во текот на денот воведоа нови пакети санкции кон Русија.

 

Слични содржини