Украинскиот претседател, Володимир Зеленски до Врховната Рада поднесе предлог-закон за продолжување на воената состојба во земјата.
Предлог-законот што го иницираше Зеленски денеска се најде на веб-страницата на украинскиот парламент, пренесува Укринформ, додека текстот на законот и придружните документи се уште не се објавени.
Во Украина на 24 февруари беше воведена воена состојба, која истекува на 25 април.