Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Рим на разговори со претставници на италијанската влада, а ќе разговара и со папата Франциско во Ватикан, јави АП.
Тој слета пред пладне на аеродромот „Кампино“ во Рим, каде што го пречека италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, јави агенцијата АНСА.
Украинскиот претседател околу пладне ќе оствари средби со премиерката Џорџа Мелони и претседателот Серџо Матарела.