Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека притисокот од санкциите врз Русија мора значително да се зголеми.
„Светскиот притисок со санкции против Русија заслужува значително да се зголеми“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува Sky News.
Коментирајќи го нападот врз неговиот роден град Криви Рих, тој рече дека украинската армија мора да има доволно оружје со долг дострел и доволно ресурси за да ги „победи терористите“.
Зеленски изјави дека ракетите што го погодиле тој град биле истрелани „од територијата на привремено окупираниот Крим, од областа Џанкој“.
„Ова е тероризам што никој во светот нема да го нарече поинаку“, рече украинскиот претседател, додавајќи дека во нападот загинале шест лица, меѓу кои и едно десетгодишно девојче.
Тој истакна дека во нападот се повредени речиси 70 луѓе, а на „десетици“ им била укажана медицинска помош во болниците, пренесува „Танјуг“.