Зеленски: Противвоздушната одбрана е приоритет за Украина

од Nikola Popovski
162 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека системите за противвоздушна одбрана се приоритет за неговата земја бидејќи се обидува да се заштити од руските напади.

На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Киев, Зеленски истакна дека Украина сè уште не добила позитивен одговор од Израел во врска со можното купување на противвоздушни системи, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека системите за противвоздушна одбрана ветени од Германија и САД се уште не се пристигнати во Украина.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ треба да стори што е можно повеќе за да и обезбеди на Украина „повеќе работни места и повеќе приходи“.

Таа истакна дека е импресионирана од брзината со која Украина напредува во напорите да стане членка на Европската унија.

Слични содржини