Украинскиот претседател Володимир Зеленски не гледа големо значење во првата извозна пратка на жито од неговата земја од почетокот на војната со Русија, наведувајќи дека тоа е дел од родот што Киев мора да ги продаде, што би помогнало да се спаси уништената економија.
Зеленски ова го изјави откако во Турција заврши инспекцијата на бродот, кој се упати кон крајната дестинација во Либан, што е во согласност со договорот што треба да овозможи ублажување на глобалната криза со храна, пренесува Гардијан.
Бродот „Разони“ исплови од украинското пристаниште Одеса на Црното Море рано во понеделникот, но со 26.527 тони пченка за Триполи во Либан.
Зеленски рече дека е потребно повеќе време за да се види дали ќе следат и други пратки жито и додаде дека Украина мора да извезе најмалку 10 милиони тони жито за итно да помогне во намалувањето на нејзиниот буџетски дефицит од пет милијарди долари месечно.