178
Жена која била во шестиот месец од бременоста и нејзиниот сопруг загинале во напад на руски дрон врз главниот град на Украина, објави градоначалникот на Киев.
„Владимир Путин може да забележи уште едно достигнување – усмрти уште една трудница. Светот може и мора да го запре овој терор. Кога зборуваме за потребата на Украина од воздушна и противракетна одбрана, зборуваме за вистинските животи што ги одземаат терористите“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Си-Ен-Ен.
Четири лица загинаа, а 19 луѓе се спасени по нападот со беспилотни летала камикази врз Киев, соопшти Кирило Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на Зеленски.