159
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска изјави дека телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за „рускиот нуклеарен тероризам“ во нуклеарната централа Запорожје во Украина.
Во објава на Твитер, Зеленски не даде детали за нивниот разговор за нуклеарната централа Запорожје, објави „Ројтерс“.
Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на левиот брег на реките Днепар, во близина на градот Енергодар. Таа е најголемата нуклеарна централа во Европа и од март е под контрола на руските сили.