Зеленски разговараше со Рама: Клучно е Европа да биде на преговарачка маса

од Nikola Popovski
36 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој порача дека Европа мора да биде на преговарачка маса и дека се што е поврзано со Украина мора да се случи со учество на Киев.

„Имав добар разговор со премиерот на Албанија и се заблагодарив на албанската влада и народ за поддршката за Украина и нашиот народ“, напиша Зеленски.

Тој објави дека разговарале за многу важни теми – заеднички проекти и пошироки перспективи, како и европски дипломатски иницијативи.

„Клучно е Европа да биде на преговарачка маса. Сè што е поврзано со Европа мора да ја вклучи Европа, а сè што е поврзано со Украина мора да ја вклучи Украина. Заедничката визија и координираните чекори се од суштинско значење за постигнување праведен и траен мир. Работиме заедно на зајакнување на безбедноста низ Европа. Ви благодариме за поддршката“, додаде Зеленски.

Светот е во очекување на средбата Трамп-Путин најверојатно кон крајот на месецов. Кремљ меѓу редови зборува за подготовките. В понеделник, европските лидери во Киев треба да ја одбележат тригодишнината на војната во Украина.

Слични содржини