181
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и разговараше за договорот за извоз на жито преку Црното Море, од кој Русија се откажа минатиот месец.
„Разговаравме за многу важни прашања. Украинска формула за мир, подготовки за Глобалниот самит за мир. Ризиците од руската блокада на коридорот за жито во Црното Море“, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм.
„Ројтерс“ наведува дека Анакара се обидува да ја убеди Москва да се врати на договорот, кој гарантираше сигурен извоз на жито и маслодајни семиња преку Црното Море на светските пазари.