Украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и редовно ѝ се обрати на нацијата преку својот Фејсбук околу полноќ. Обраќањето на првиот човек на Украина доаѓа по завршувањето на 25-тиот ден од почетокот на руската инвазија на неговата татковина.
-Веќе 25-ти ден руската армија ги бара и не може да ги најде „нацистите“ што ги измислија, од кои наводно сакале да го заштитат нашиот народ. Додека бараат, не можат да најдат Украинци кои би ги поздравиле со цвеќе.
И што е најважно, руската армија не може да го најде патот до дома. Затоа нашите војници им помагаат на патот кон Божјиот двор, порача Зеленски доцна синоќа.