Зеленски: Русија да биде прогласена за спонзор на тероризмот

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во ново видео обраќање оцени дека Руската Федерација мора да биде прогласена за држава која го спонзорира тероризмот, а нејзините вооружени сили за терористичка организација.

Според него, Киев работи и на тоа „демократскиот свет“ да одговори со санкции против сите руски функционери кои ја поддржуваат, како што рече, „оваа срамна војна“, пренесe Укринформ.

Тој истакна дека шестиот пакет санкции подготвен од Европската унија ќе биде „навистина болен за руската воена машина и за руската држава во целина“.