Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, ја обвини Русија дека „покажува мускули“ во Донбас.
Шефот на украинската држава објавиl дека конфликтот ескалирал во Донбас. Според него, Русија создава атмосфера на притисок врз преговорите.
„Покажувањето мускули во форма на воени вежби и потенцијални провокации долж границата е традиционално за Русија“, напишаl Зеленски на Фејсбук.
Тој додаl дека Украина е подготвена на секакви провокации.
Командантот на вооружените сили на Украина, Руслан Хомчак, претходно изјави дека Киев ги разгледува сите опции на истокот на земјата, вклучително и офанзивата.
Mински договори
Преговорите меѓу лидерите на државите на „нормандската четворка“ се одржаа во Минск на 12 февруари 2015 година. Договорите од Минск за решавање на ситуацијата во источна Украина предвидуваат прекин на огнот, повлекување на тешкото вооружување од контактната линија и уставни реформи, чии клучни елементи треба да бидат децентрализацијата и усвојување на закон за посебниот статус на Донбас.
Планот сè уште не е исполнет, бидејќи украинските политичари постојано го одложуваат неговото спроведување, па дури изјавуваат дека има само советодавен карактер, а не обврзувачки. Ставот на Русија е дека нема алтернатива на договорите од Минск.