Русите го окупираа воениот аеродром „Гостомел“, кој се наоѓа на околу 40 километри од Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вети дека ќе им го врати на Украинците.
Зеленски рече дека руските сили го окупирале аеродромот, но падобранското слетување на тој аеродром било блокирано, по што украинската армија добила наредба да ги „уништува“ руските сили.
Претставник на украинската војска, кој претходно денеска објави дека се борат на аеродромот, изјави дека ситуацијата е „напната“ на југот на земјата, каде што се водат борби за градовите Геническ, Скадовск и Чаплинка во Херсонската област во близина на Крим.
Тој полуостров беше анектиран од Русија во 2014 година.