Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили претрпеле „ненадоместливи“ загуби во инвазијата на Украина, која започна пред 48 дена.
„Се сеќавате ли како Русија се фалеше дека ќе го освои Киев за 48 часа? За 48 часа, кои траaт 48 дена, руската армија претрпе непоправливи загуби, поголеми од загубите на СССР за време на десетгодишната војна во Авганистан“, рече Зеленски во видео обраќање.
Да потсетиме, рускиот план за напад вклучуваше брзо заземање на главниот град Киев, кој пропадна кога руските сили претрпеа големи загуби. Аналитичарите велат дека Москва ја потценила силата на украинскиот отпор, но и можностите на украинската армија, нумерички значително послаба од руската.
Русија имаше огромни проблеми со основите на војувањето. Оклопните колони остануваа без гориво, храна и муниција. Многу руски воени возила биле напуштени откако се расипале, а потоа Украинците ги одвлекле со трактори.
Руските сили сега целосно се повлекоа од регионот на Киев и акумулираат војници на исток, во Доњецк и Луганск.