Зеленски: Русите убија околу 60 луѓе во училиште во Билохоривка

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека околу 60 лица загинале во руското бомбардирање на училиште во источното село Билохоривка, кои таму се криеле од гранатирање.

„Резултатот од рускиот напад на Билохоривка во регионот на Луганск е 60 убиени цивили кои се криеле во училиштето, барајќи засолниште од гранатирање“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесе Ројтерс.

Претходно гувернерот на областа Луганск изјави дека во училиштето имало околу 90 луѓе.

Слични содржини