251
Русија истрелува проектили со долг дострел врз цивилната и воената инфраструктура на Украина, бидејќи нејзината војска не може да покаже никакви значајни достигнувања на теренот, тврди украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Во видео-обраќањето објавено доцна синоќа, Зеленски рече дека имало ракетно гранатирање во регионите Лавов, Суми и Чернихив, воздушни напади во регионот Луганск и „диверзантски активности“ во пограничните области, јавува Би-Би-Си.
Руската армија не може да покаже успех со општи воени акции во областите каде што се обидува да напредува, па затоа се обидува да покаже успех преку своите проектили и други активности.