Украинскиот претседател Влодимир Зеленски на партиски митинг рече дека сака да остане на претседателската функција додека не се исполнат сите негови изборни ветувања.
„Би сакал да останам претседател додека не ги исполниме сите наши предизборни ветувања“, го цитираше прес-службата на партијата, пренесе руската агенција ТАСС.
Во исто време, тој нагласи дека неговата програма на партијата „повеќе ги нема сите одредби што не можат да се исполнат“.
Зеленски положи претседателска заклетва на 20 мај 2019 година.
Како што потсетува агенцијата ТАСС, неговото клучно изборно ветување беше да донесе мир во источниот регион Донбас.
За време на изборната кампања, Зеленски вети дека ќе остане на власт само еден претседателски мандат.
Следните претседателски избори во Украина ќе се одржат во 2024 година.
Досега Зеленски не одговараше директно на прашањата на медиумите за неговите планови да се кандидира за уште еден претседателски мандат.