Зеленски сака да се сретне со Путин: „Средбите преку посредници нема да имаат ефект“

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е од суштинско значење да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да се стави крај на војната по дипломатски пат и истакна дека „не се плаши“ од таа средба доколку, како што рече, тоа значи постигнување мировен договор.

„Инсистирав од самиот почеток да преговарам со лидерот на Руската Федерација, бидејќи верувам дека средбите преку посредници нема да го дадат посакуваниот ефект. Оваа војна може да ја спречи само тој што ја започна“, рече Зеленски, цитиран од Би-Би-Си.

Украина сака и Соединетите Американски Држави да бидат еден од безбедносните гаранти што ќе ги заштити од идни закани, рече Зеленски во пресрет на најавеното пристигнување во Киев на високите американски функционери Ентони Блинкен и Лојд Остин.