Украинскиот претседател Владимир Зеленски и се обрати на нацијата на православниот Велигден и рече дека „злото нема да ја уништи земјата“, како и дека го моли Бога да им ја врати среќата на децата и да ги утеши мајките кои ги загубија своите синови во војната.
Зеленски се обрати преку видео снимено во катедралата Света Софија во Киев и рече дека земјата ќе го надмине „мракот во кој ја влечеше војната“.
„Се уште веруваме во победата на Украина и убедени сме дека злото нема да не уништи. Ќе ги надминеме мрачните времиња и на овој ден јас, како и многу други, не носам лесна облека, туку се борам за просветителска идеја“, рече Зеленски.
Според јулијанскиот календар, Велигден се совпадна годинава во Украина со два месеци од почетокот на руската воена операција во таа земја.