Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат јавно проговори откако американскиот претседател Доналд Трамп го нарече диктатор. Во објава на социјалната мрежа „X“ тој објави дека имал средба со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, но не ги спомнал зборовите на Трамп во објавата.
„Имав добар и суштински разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте“, изјави Зеленски на почетокот на објавата.
Како што објави на „Х“, разговарал со генералниот секретар на НАТО .
„Ги споделив деталите од мојата средба со претседателот Ердоган, на која разговаравме за улогата на Турција во обезбедувањето безбедносни гаранции. На Украина и е потребна широка застапеност од европските земји, вклучително Велика Британија и Турција, како и од САД во овој процес.
Во соопштението продолжува со наведување дека генералниот секретар на НАТО одржал средба со американскиот генерал Џозеф Келог.
„Марк ме информираше за неговиот состанок со генералот Келог. Клучните пораки се усогласени со нашата цел за постигнување загарантиран мир, а не само привремен прекин на огнот. Мора да има уверување дека Путин нема да се врати со својата воена машина за неколку месеци или години“.
„Не можеме да дозволиме Путин повторно да ги измами сите“
Како што напиша понатаму, меѓу темите на разговор биле и безбедносните гаранции за Украина. „Разговаравме и за нашите идни контакти со партнерите и ги координиравме нашите следни чекори. Не можеме да дозволиме Путин повторно да ги измами сите. Пред какви било потенцијални преговори, сите партнери мора јасно да разберат дека силните безбедносни гаранции се приоритет за траен мир.
На крајот, тој му се заблагодари на Руте за се.
„Ти благодарам, Марк, за поддршката и помошта“.
Трамп го нарече диктатор
Претходно денеска, во објава на „Truth Social“, американскиот претседател го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор“.
„Замислете, средно успешен комичар, Володимир Зеленски, ги убеди САД да потрошат 350 милијарди долари, да влезат во војна која не може да се добие, која никогаш не требаше да се започне, но војна која тој, без САД и Трамп, никогаш нема да може да ја реши.
САД потрошиле 200 милијарди долари повеќе од Европа, а европските пари се загарантирани, додека САД нема да добијат ништо назад. Зошто Заспаниот Џо Бајден не побара баланс во оваа војна која е многу поважна за Европа отколку за нас? Имаме одличен прекрасен океан кој не дели“, напиша Трамп.