263
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека во Киев се сретнал со претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси и објави видео од нивната средба.
„Дојдовме во посета да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода… Вашата борба е борба за сите. Нашата посветеност на тоа вели дека сме тука за вас додека не заврши борбата“, рече Пелоси во видеото што Зеленски го сподели на Твитер.