Зеленски се сретна со Залужни: Му се заблагодарив, време е за обнова на армијата

од Radmila Tasevska
193 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на началникот на Генералштабот на украинската армија Валериј Залужни за одбраната на Украина, неколку дена откако медиумите објавија дека се очекува смена на првиот човек на украинската армија.

„Се сретнав со генералот Валериј Залужни. Му се заблагодарив за две години бранење на Украина. Разговаравме за обнова на вооружените сили на Украина, која е неопходна“, објави Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.

Тој додаде дека разговарале за тоа кој би можел да биде дел од новото раководство на украинската армија.

Слични содржини