Зеленски се заблагодари на Бајден: Ви благодариме што удривте во срцето на воената машина на Путин

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им се заблагодари на САД и на претседателот Џо Бајден за воведувањето забрана за увоз на нафта и гас од Русија.

– Ви благодариме што удривте во срцето на воената машина на Путин и забранивте нафта, гас и јаглен за американските пазари. Охрабрете ги другите земји и лидери да ве следат“, напиша украинскиот претседател на Твитер.