Зеленски: Северна Кореја се приклучува во војната

од Илинка Илиоска
106 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува во војната во Украина.

-Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Северна Кореја во војната, рече Зеленски во видео пораката.

Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите.

Кремљ негираше, соопштувајќи дека станува збор за „лажна вест“.

Слични содржини