224
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е шокиран од, како што наведе, неуспехот на Обединетите нации и Црвениот крст да пружат помош по уништувањето на браната Каховка.
„И покрај тоа што поминаа многу часови од катастрофата, ОН и Црвениот крст сè уште не се тука“, рече Зеленски во интервју за Билд, Велт и Политико, пренесува Ројтерс.
„Не добивме никаков одговор. Шокиран сум“, рече Зеленски.