Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање на социјалните мрежи рече дека отпуштил двајца високи украински генерали, нарекувајќи ги „антихерои“.
„Донесена е уште една одлука за анти-херои. Сега немам време да се справам со сите предавници. Но, постепено сите ќе бидат казнети“, изјави украинскиот претседател.
На генералите – поранешниот началник на главниот оддел за внатрешна безбедност на Службата за безбедност на Украина, Наумов Андриј Олехович и поранешниот шеф на Канцеларијата на Службата за безбедност на Украина во Херсонската област – Серхи Олександрович – им беа одземени чиновите.
„Оние војници меѓу високите офицери кои не одлучиле каде е нивната татковина, кои ја прекршуваат воената заклетва за верност кон украинскиот народ за заштита на нашата држава, нејзината слобода и независност, неизбежно ќе бидат лишени од повисоки воени чинови. Случајните генерали не припаѓаат овде!“ рече Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен.