198
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски вечерва преку видео обраќање, го коментираше падот на ракетите во Полска.
„Теророт не е ограничен само на нашите национални граници. Руски проектили ја погодија Полска. Истрелаа проектили на територијата на НАТО. Ова е руски ракетен напад врз колективната безбедност. Ова е многу значајна ескалација. Мораме да дејствуваме“, рече Зеленски во видеообраќањето.
Потоа ја изрази својата поддршка за Полска.
„Сега сакам да им кажам сè на нашите браќа и сестри Полјаци: Украина секогаш ќе ве поддржува. Теророт нема да ги ослободи луѓето. Победата е можна кога нема страв. Русија нè тероризира нас и сите што може да ги достигне“, додаде тој.