Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека контактирал со кинеското раководство и побарал од нив да не ѝ даваат никаква поддршка на Русија во нејзината војна против Украина, јавува Анадолија.
„Се надевам дека владата во Пекинг ќе одржи прагматичен став, во спротивно ризикуваме трета светска војна – сите сме свесни за тоа“, изјави Зеленски во интервју за италијанскиот дневен весник „ла Република“.
Тој додаде дека Украина отсекогаш имала одлични односи со Кина и во интерес на сите е тие да не се влошат.
Иако Кина се смета за клучен поддржувач на Русија, таа сè уште не обезбеди воена поддршка за Москва.
Меѓутоа, САД тврдат дека Кина наскоро може да испорача оружје.